Од 15 до 20 милиони долари изнесува инвестицијата на американската компанија Кеѕ Сафетѕ Сѕстемсс (КСС) во Кичево во првата фаза. Инвеститорот, кој ќе произведува сигурносни производи за автомобилската индустрија, во четвртокот најави дека го проширува своето производство во Европа со отворање на капацитет во Македонија, каде што ќе бидат отворени нови 800 до 1.000 работни места. Како што информира директорот на Дирекцијата за слободни зони, Виктор Мизо, компанијата планира да почне на крајот на оваа година со работа во постоечки објект како браунфилд-инвестиција, а кон средината на 2015 година со производство на гринфилд-локација, при што се разгледува локација во Кичево. Во почетната фаза ќе се произведуваат воздушни перничиња. Локацијата е соодветна за да овозможи идно значително проширување на оваа производствена линија, како и на други производи и услуги во иднина.
Од 15 до 20 милиони долари изнесува инвестицијата на американската компанија Кеѕ Сафетѕ Сѕстемсс (КСС) во Кичево во првата фаза.
Инвеститорот, кој ќе произведува сигурносни производи за автомобилската индустрија, во четвртокот најави дека го проширува своето производство во Европа со отворање на капацитет во Македонија, каде што ќе бидат отворени нови 800 до 1.000 работни места.
Како што информира директорот на Дирекцијата за слободни зони, Виктор Мизо, компанијата планира да почне на крајот на оваа година со работа во постоечки објект како браунфилд-инвестиција, а кон средината на 2015 година со производство на гринфилд-локација, при што се разгледува локација во Кичево. Во почетната фаза ќе се произведуваат воздушни перничиња. Локацијата е соодветна за да овозможи идно значително проширување на оваа производствена линија, како и на други производи и услуги во иднина.
- Во напредни разговори сме со нивните доставувачи, кои размислуваат своето производство да го преселат во земјава. Преговорите со оваа светски реномирана компанија започнаа пред пет и пол години. Од 2008 година се до денес имаше неколку посети на компанијата во земјава, но и посети во компанијата во Детроит. Тогашната одлука на компанијата, поради светската економска криза, беше да се продолжи со производство во Романија, но сега, поради потребите на европскиот пазар, компанијата донесе одлука да инвестира во земјава - објаснува Мизо.
Компанијата е водечки глобален снабдувач на софистицирани сигурносни производи , вклучувајќи механизми за надувување, воздушни перничиња, волани, сигурносни појаси за автомобилски намени.
Планот се состои од почнување со работа во постоечки објект при крајот на 2014 година, по што ќе следува почеток на производство на нова локација кон средината на 2015 година. Целна локација е градот Кичево. КСС е светски лидер во дизајн, развој и производство на автомобилски сигурносни компоненти и системи. Производите на КСС се дел од повеќе од 300 модели на автомобили произведени од повеќе од 60 високодиверзифицирани клиенти низ целиот свет. КСС е со седиште во Стерлинг Хајтс, Мичиген, САД со меѓународна мрежа од 29 продажни, проектантски и производствени капацитети, кои вработуваат приближно 9.000 луѓе низ целиот свет. Компанијата има пет главни технички центи лоцирани во САД, Германија, Кина, Јапонија и во Јужна Кореја.